Почитувани колеги, почитувани здравствени професионалци,

Со особена чест и задоволство ве покануваме да бидете дел од 18-тиот Европски конгрес на абдоминални хирурзи – European Digestive Surgery (EDS) Postgraduate Course, кој ќе се одржи од 16 до 18 април 2026 година во Хотел Лимак, во срцето на Скопје.

Овој престижен европски настан претставува единствена можност за сите лекари, специјализанти и здравствени работници во областа на дигестивната и абдоминалната хирургија да ги надградат своите знаења според најновите светски стандарди. Конгресот обединува современи клинички искуства, научни достигнувања и практични пристапи кои директно влијаат врз секојдневната хируршка пракса.

Тридневната програма е внимателно осмислена за да понуди балансиран спој на теоретска едукација и практично применливи содржини – од медицина базирана на докази и критичка евалуација на клиничките студии, до актуелни пристапи во хирургијата, со особен акцент на современите технологии, мултидисциплинарниот пристап и подобрувањето на хируршките исходи.

Конгресот воедно претставува простор за размена на искуства, отворање дискусии и создавање нови професионални соработки, каде средбите со колеги од различни здравствени системи овозможуваат поширока перспектива и поттик за воведување нови практики во сопствената клиничка средина.

Одржувањето на ваков настан во нашиот регион претставува ретка можност да се биде дел од европската академска и клиничка сцена без да се напушти домашниот контекст.

Добредојдени сте да бидете дел од настан што инспирира, поврзува и придонесува кон иднината на современата хирургија.

Со нетрпение ве очекуваме во Скопје за незаборавно и инспиративно искуство.

Со почит,
Проф. д-р Светозар Антовиќ
Претседател на Македонска асоцијација на абдоминални хирурзи (МААС) Скопје
Декан на Медицинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија

Македонска асоцијација на абдоменални хирурзи МААС Скопје

Континуирана медицинска едукација и унапредување на абдоминалната хирургија во Северна Македонија.

hero img

ПАртнери и соработници

Кои сме ние

За нас

Македонска асоцијација на абдоменални хирурзи МААС Скопје е здружение кое континуирано работи на медицинска едукација и унапредување на абдоминалната хирургија во нашата земја.

Тука сме да споделиме наши знаења и искуства, туку и да поттикнеме интернационална соработка и иновации во областа на абдоминалната хирургија.

18th EDS Postgraduate Course

18-тиот Европски конгрес на абдоминални хирурзи – European Digestive Surgery (EDS) Postgraduate Course

Овој престижен настан ќе се одржи во Хотел Лимак од 16ти до 18ти април 2026 година и е организиран од Македонска асоцијација на абдоменални хирурзи МААС Скопје во соработка со Европската асоцијација на дигестивни хирурзи (EDS).

Овој конгрес претставува уникатна платформа за интернационална размена на знаења, истражувачки искуства и актуелни клинички достигнувања од областа на дигестивната хирургија.

Продуцирањето на научна и практична програма со престижни експерти и конгреси како 18-тиот Европски конгрес на абдоминални хирурзи – European Digestive Surgery (EDS) Postgraduate Course ќе придонесат кон унапредување на квалитетот на хируршката пракса во нашата земја и регионот.

Македонска асоцијација на абдоменални хирурзи МААС Скопје
е акредитиранa од Лекарска комора на РС Македонија
со 8 бода за слушатели и 12 бода за предавачи.

© 2026 MAAS | +389 71 325 713 | info@maasmk.org