Со голема гордост известуваме дека во март 2025 година беше формирана Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (MAAS) — првата асоцијација од овој вид во Македонија, посветена на унапредување на абдоминалната хирургија и на создавање платформа за стручна соработка и размена на искуства.
По тој повод, на 28–29 март 2025 година, во Хотел DoubleTree by Hilton, Скопје, се одржа Првиот симпозиум на MAAS и Четвртиот состанок на WEB Chapter на E-AHPBA. Настанот обедини домашни и меѓународни експерти кои преку предавања и дискусии придонесоа за унапредување на знаењата и практиката во областа на абдоминалната хирургија.
Овој симпозиум претставуваше значаен чекор во развојот на професионалната заедница и поттик за натамошна соработка и иновации во хируршката нега во нашата држава.


